Сакам старомодна љубов

 

Сакам старомодна љубов каде работите одат полека и врска која нема пребрзо да се одвиваат работите. Сакам да одам на состаноци, сакам подобро да го разберам човекот што седи наспроти мене, да гледам како се однесува во живот, а не преку интернет. Сакам некој да ме покани на вистински состанок, а не само да се „зезаме“.

Сакам да поминам часови подготвувајќи се, да ја чувствувам тремата пред да излезам. Сакам да дојде да ме земе и да имам пеперутки во стомакот додека одам кон него. Сакам да седиме во ресторан и да разговараме за важни работи. Не сакам да слушам озборувања, ниту да водиме празни муабети. Сакам да зборуваме за животот, сакам да слушам што има да збори додека седи спроти мене и сакам и тој да ме слуша мене. Не сакам да се натпреварувам за внимание со неговиот телефон. 

Потоа сакам да шетаме затоа што вечерата поминала толку добро. Сакам да чекорам под уличните светилки, да се насмевнувам и да се чувствувам исполнета со надеж. Сакам да ме испрати до мојот влез. Сакам да ја чувствувам онаа нервоза и она возбудување околу тоа дали ќе ме бакне или не, без очекувања дека ќе се случи нешто повеќе. Но, највеќе сакам искрено да ми каже што мисли, сакам да биде искрен околу тоа дали му било забавно и сакам навистина тоа да го мисли. Не сакам со денови да чекам и да се надевам дека ќе ми прати порака. Сакам да ми се јави: сакам да го чујам неговиот глас. Не сакам игри, не сакам правила, сакам искреност. 

Ако состанокот помине добро и ми се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со цвеќе и сакам да ми ја придржи вратата затоа што така се прави тоа. Не сакам подароци, не ми треба статус на врска на Фејсбук, само сакам да бидам со некој искрен и добар. Некој покрај кого нема да се преиспитувам дали ме сака и дали сака да биде со мене. Сакам да ми донесе нешто кога сум болна. Сакам некој кој ќе планира излети со мене. Сакам некој кој ќе прави мали гестови, затоа што тие се најважни. Сакам некој кој ќе се бори за нас кога ќе биде тешко и нема само да се откаже. Сакам некој со кого можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема да си замине на првиот проблем, затоа што проблемите се неизбежни, а секогаш може да се најде решение. И од сите овие желби кои ги имам, имам и многу љубов во мене, која сакам да ја дадам некому.

Сакам да му направам утринско кафе и доручек. Сакам да го изненадувам со романтични гестови. Сакам да се грижам за него кога ќе биде болен. Сакам да му оставам пораки на хартија и да му се јавам кога го нема. Сакам да направам да биде среќен. Сакам некој кој сака љубов каква што имале нашите баби и дедовци, затоа што она што го научив од нив е дека тие успеаја и ја негуваа нивната љубов.