Сакам сѐ или ништо!

За следниот дечко кој ќе покаже интерес за мене...

Пред да почнеме што било, сакам  да ти кажам дека јас одам на сѐ или ништо! Не се ни обидувај да ме викнеш да излеземе ако не планираш целосно да се посветиш на нас двајца. Не ми ветувај вечна љубов ако планираш да ѝ се пушташ на секоја девојка која ќе ја запознаеш.

Не ми ветувај дека ќе бидеш тука за мене и во добро и во лошо, ако не си способен да го правиш тоа. И над сѐ, не ми кажувај дека ме сакаш ако не го мислиш тоа.

Јас сум девојка која има поминато низ триста глупости во животот. Сум излегувала со типови кои се преправале дека ме сакаат само за да ми се пикнат во кревет. Знам како е да сакаш некого до болка, а од него да добиеш само рамнодушност. И баш поради овие работи, те замолувам да не правиш будала од мене.

Или сакај ме или остави ме, ама не се однесувај како да сум ѓубре.

После сите глупости во мојот живот, конечно знам што сакам. Сакам љубов која е длабока, сакам љубов која ќе ме прави сигурна. Сакам маж кој ќе ме љуби без ограничувања. Едноставно е, сакам сѐ или ништо!

Знам дека сум хаотична и ако мислиш дека сето ова е премногу за тебе, слободно можеш да си заминеш. Сѐ што сакам е да бидеш искрен со мене. Ако се однесуваш добро и јас ќе се однесувам добро, но ако забележам дека твоето однесување е отровно или ако почнеш да се обидуваш да ме промениш, јас едноставно ќе те шутнам и ќе си заминам.

Со години бев премногу добра со луѓе кои не го заслужуваа тоа. И доста ми е. Не сакам повеќе историјата да се повторува. Никогаш повеќе нема да бидам девојката со скршено срце.

Сакам да бидам среќна додека сум заљубена. Знаеш, љубовта не мора да биде комплицирана. Сѐ што треба да правиш е да љубиш со цело срце. Е баш толку едноставно.

Овојпат, сакам работите да бидат поинакви.

Да нема болка. Да нема солзи. Да нема грешки. Да нема лаги. Сакам да ја искусам љубовта за која толку многу луѓе имаат напишано книги.

Сакам љубов која ќе прави да се наежувам секојпат кога ќе те видам, дури и ако живееме заедно. Сакам да ти го одземам здивот секојпат кога ќе ме видиш.
Сакам љубов и среќа која ќе се борат против сите глупости и маки во животот.

Знам дека ќе имаме препреки, но заедно ќе ги надминеме.

Ако си веруваме и се почитуваме, заедно можеме да го освоиме светот.

Но, мораш да донесеш одлука. Мораш да ме прифатиш онаква каква што сум, исто како што и јас ќе те прифатам тебе.

И за крај, да те потсетам дека јас сум девојката која сака сѐ или ништо. Па затоа, те молам да не се вљубуваш во мене ако не планираш да останеш во мојот живот!