Сакам само да живеам среќно со некој кој ме сака...

Не сакам еден ден да се разбудам со укочен грб, болно тело и прашувајќи се како успеав сѐ да одиграм погрешно. Не сакам да го погледнам човекот покрај мене и да видам лице на човек во кого само наполу сум заљубена – или уште полошо воопшто не сум заљубена, само затоа што сум се плашела од таа голема љубов.

Не сакам да станам од кревет и да се прашувам себеси како дојде до тоа да бидам мртва одвнатре.

И можеби не чувствуваат сите дека нивниот безживотен живот е како вирус, но јас тоа го чувствувам.

Не е дека мене не ми е потребна рутина или дека не уживам во некои аспекти од нормалноста, како што е вечера на маса за шест луѓе и бакнеж во образ секогаш која мојот сакан влегува дома, но тоа не значи дека тоа мора цело време да биде мојот живот.

Нормалната рутина треба да биде како зрно прашинка која паѓа на аглите од ветрот на слободната душа, кому дозволувам да ме води од една во друга авантура. Да живеам среќно и да бидам заљубена – тоа е мојот животен план и нема ништо поедноставно и покомплицирано од тоа.

Сакам да го напуштам огнот на материјализмот и наместо тоа да водам живот кој има смисла. Сакам да патувам насекаде и тоа со човекот кој го сакам, да создавам спомени, надевајќи се дека луѓето кои ги сретнувам и местата кои ги посетувам ги оставам малку подобри за разлика од тоа какви биле кога сум пристигнала.

Не мислам дека тоа треба да важи за сите, ниту пак велам дека тоа е подобар живот од животот кој повеќето го живееме. Но, она што го знам е дека овој рутински живот е убиствен за мене. Повеќето од нас, 30 години ја работат истата работа и на крај завршуваат со некоја мала пензија.

Навистина можеме да ги создадеме животите кои сакаме да ги живееме и жал ми е, ама јас не се плашам да ги следам своите соништа. Ќе го пронајдам својот убав утописки живот за кој сонувам и тоа само затоа што сум доволно луда за да го направам тоа. Вистината е дека само оние кои се малку луди успеваат да пронајдат пат онаму каде што сите инсистираат на тоа дека нема пат и јас ќе излезам од реалноста, ќе ги прегазам сите правила кои се наменети за да ја загушат личноста којашто сум и љубовта која ја пронајдов.

Мојот живот ќе биде полн со живот и љубов и ќе ја пронајдам среќата следејќи го моето срце.

Можеби сум луда. Можеби ќе морам уште милион пати да ги променам својот план. Можеби ќе има денови кога ќе преиспитувам сѐ, но на крајот на тие денови, сѐ додека ја спуштам мојата уморна глава на перницата и чувствувам среќа и знам дека имам љубов, ќе знам дека ништо од тоа што сум го правела не било залудно.

Моите зборови можат да ги трогнат луѓето, но сакам моите дела да ги поттикне да делуваат. Можеби ќе исчезнам некаде помеѓу Јужна Америка и Куба, но тоа нема да биде затоа што животот не е реален, туку затоа што одбирам да верувам дека животот навистина може да биде неверојатен.

Животот може да биде полн со љубов и среќа, само ако сме доволно храбри да сфатиме дека тоа е сосема можно.

Имам видено премногу работи во животот за повторно да се занимавам со „нормални“ работи и за мене повеќе не постои поинаков начин на живот освен да живеам со полно срце!