Сакам нормална врска, а не игри со победник и губитник

Не сакам игри, не сакам casual врска, не сакам секс за една вечер. Сакам само нормална врска.

Сакам нешто реално. Сакам личност која ќе ми се посвети наместо да слушам клише фрази дека не знаеме што сме, дека не мораме да ги дефинираме работите и дека не сме подготвени за врска сега.

Сакам личност која ќе ме гледа како приоритет, а не втора опција. Сакам некој кој ќе вложи барем минимум напор за да ме задржи околу себе. Сакам некој кој ќе ги исполни сите ветувања за биде со мене, наместо да ми дава празни ветувања.

Сакам личност која ќе најде причина да биде со мене, наместо причини да си замине. Сакам некој кој гордо ќе ме претстави како своја девојка, наместо да мисли дека треба да ме крие и да ја уништува со тоа мојата самодоверба.

Сакам некој кој ќе прави планови со мене, наместо да ги откажува во последен момент. Сакам некој кој ќе посака да ме однесе на вечера, наместо постојано да ме вика во својот дом, во својата спална. Сакам личност која ќе ми даде поддршка кога ќе ми биде потребна и ќе ми покаже дека можам да сметам на неа.

Сакам некој кој ќе ме однесе дома и ќе ме запознае со своите родители. Некој кој ќе ме гушка и бакнува, наместо да очекува смао секс со мене. Некој кој ќе ми подготви појадок и кој ќе ужива да биде со мене.

Сакам некој кој ќе биде искрен со мене и кој отворено ќе разговара за сите проблеми. Некој кој нема да ми испраќа нејасни сигнали и кој ќе го троши моето време со изговори.

Сакам нормална врска, а не игра во која ќе има победник и губитник.