Сакам љубов како од книгите и филмовите

Сакам љубов како што може да се најде во книгите и филмовите. Не ми велете дека таа постои таму. Можеби ретко, можеби само неколку пати во животот, но имам видено таква љубов. Имам сретнато луѓе со сјај во очите и љубов во душата кои вистински ја сакаат и се грижат за личноста до себе. 

Сакам бакнежи со страст, сакам да ме бакнуваат како да ме изгубиле и нашле повторно. Сакам топли мирни ноќи свиткани во ќебе, и утринско кафе во нашето мало дворче. Не сакам голема куќа, јахти, некакви чуда. 

Можеби еден ден ќе го доживеам тоа. Би сакала да ја имам среќата да имам ваква љубов, со која ќе остарам. Не ми треба некоја специјална кариера, сакам само личност која ќе сака да се буди до мене секој ден, некој кој ме разбира и кој нема да сака да му пушти така лесно.

Не сакам живот како оние кои брзаа и мислеа дека бракот и скапите свадби ќе им избегаат некаде. Сакам поинаков живот. 

Можеби долго ќе ја чекам, можеби никогаш и нема да дојде, но јас не се откажувам.