Сакам да знам што е тоа што те тера напред во моментите кога сѐ останато се руши...

Не ме интересира од што живееш. Сакам да знам за што копнееш и дали имаш храброст да сонуваш за исполнување на желбите на твоето срце. 

Не ме интересира колку години имаш. Сакам да знаеш дали си подготвен да ризикуваш да испаднеш будала заради љубов, заради своите соништа, заради ова патување кое го нарекуваме живот. 

Не ме интересира која планета влијае врз твојот месец. Сакам да знам дали си стигнал до средиштето на сопствената болка и дали животните разочарувања те отвориле или си се сокрил и затворил од страв дека повторно ќе почувствуваш болка. Сакам да знам дали си во состојба да трпиш болка, моја или своја, а притоа да не мораш да ја криеш, заблажуваш или избришеш.

Сакам да знам дали знаеш да се радуваш, за мене или себе. И дали можеш диво да танцуваш и да дозволиш екстазата да те понесе и да допре до врвовите на твоите прсти, а притоа да не нѐ предупредуваш да бидеме внимателни, реални и свесни за човечките ограничувања. 

Не ме интересира дали е вистинита приказната која ми ја раскажуваш. Сакам да знам дали си подготвен да разочараш друг за да бидеш искрен кон себе, дали си подготвен да поднесеш обвинувања за предавство, а притоа да не се изневериш самиот себеси.

Сакам да знам дали си во состојба секој ден да видиш убавина во нешто, дури и ако не е убава и дали можеш да вдахнуваш убавина во својот живот.

Сакам да знам дали си доволно силен да живееш со неуспех, свој или мој. И дека секако стоиш на работ на езерото и восхитено викаш на цел глас кон сребрената и полна Месечина: „ТОА!“

Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш по ноќи исполнети со тага и очај, уморен и истоштен то коска и да направиш сѐ што е потребно за да ги нахраниш своите деца.

Не ме интересира кого познаваш и како си дошол до тука. Сакам да знам дали и натаму сакаш со мене да стоиш среде огнот и да се откажеш.

Не ме интересира каде си или кој си или со кого си студирал. Сакам да знам што е тоа во тебе што те тера напред во моментите кога сѐ останато се руши.

Сакам да знам дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш личноста која си во моментите на празнина.