Сакам да станам новинар, ама мама и тато решиле да бидам лекар

Матурантите се на голема мака. Објавени се конкурсите и уште малку ќе бидат и уписите за на факултет. Сега треба да одлучат за она што цел живот одговарал “што ќе бидам кога ќе пораснам”...

Живееме во време, кога е убаво да си ги следиш соништата и да се стремиш кон нивно исполнување, но кога мораш да го учиш онаа за кое утре полесно ќе можеш да најдеш работа, и која повеќе ќе биде платена.

Марио од Скопје, заврши гимназија. Има уште неколку дена до уписите на факултет, и тој не знае се уште каде да ги носи своите документи.

Доколку го следи својот сон, сигурно дека ќе ги однесе на Правниот факултет, односно на смерот Новинарство. А, ако го следи сонот на неговите родителите, тогаш ќе учи медицина.

-Сакам да бидам новинар. Тоа сум го посакувал многу одамна. Бев член на сите секции, кои без поврзани со пишувањето и новинарството. Еден ден навистина се замислувам како работам во некој добро познат медиум, односно сакам телевизија. Знам дека оваа професија воопшто не е платена во Македонија ( еве не знам што е ), ама јас таму се гледам. Мајка ми и татко ми решиле да ме прават лекар. Не ја сакам медицината. Не можам да се замислам во бел мантил. Знам дека е хумана работа, ама мене тоа не ме привлекува. Не знам што ќе правам. Дома имаме војна, кога е одлуката за факултет во прашање, раскажува загрижено Марио.