Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме лажеа, затоа што ми ја покажаа вредноста на вистината!

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме лажеа, затоа што ми ја покажаа вредноста на вистината.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои не веруваа во мене, затоа што ми дадоа сила со која можам да поместам планини.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме изневерија и кои ги злоупотребија моите чувства, затоа што поради нив се разбудив.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме повредија, затоа што ме научија како да ја победам  болката.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме искористија, затоа што ме научија да останам ладна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме заборавија, затоа што ме научија да пронајдам сила во самотијата.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми нанесоа болка, затоа што ми ги покажаа моите силни страни и мојата издржливост.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ги исмеваа моите цели, затоа што ме направија уште поамбициозна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ја изневерија мојата доверба, затоа што ме направија уште попретпазлива.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои велеа дека се мои пријатели, а кои беа далеку од тоа, затоа што ми покажаа што не треба да прави еден пријател.