Сакале преку оградата на отвореното одделение во затворот во Битола да достават марихуана и кокаин - двајца битолчани ќе одговараат кривично

Двајца битолчани ќе одговараат кривично поради обид да достават марихуана и кокаин во затворот во Битола.

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Битола поднело кривична пријава против В.Д. и П.Д.(39), двајцата од Битола, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Второпријавениот му дал насоки на првопријавениот како преку оградата во отвореното одделение од Казнено-поправната установа Затвор Битола да достави марихуана и кокаин.