Сакајте како никогаш да не сте биле повредени, танцувајте како никој да не ве гледа...

 

Самите себеси се уверуваме дека животот ќе биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе добиеме бебе, а потоа и друго бебе. Тогаш се фрустрираме што децата не се доволно големи и ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа се нервираме што имаме работа со тинејџери. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од тој период. Си кажуваме себеси дека животот ќе ни биде исполнет кога на нашите сопружници ќе им дојде памет, кога ќе купиме нов автомобил, кога ќе отидеме на патување, кога ќе се пензионираме. 

А вистината е дека не постои подобар момент за среќа од токму овој момент. Вашиот живот секогаш ќе биде исполнет со тешкотии. Најдобро е да си го признаете тоа на самите себеси и да одлучите да бидете среќни наспроти сите тешкотии. Среќата е вистинскиот пат. Затоа, чувајте го секој момент кој го имате и чувајте го уште повеќе затоа што сте го споделиле со некој посебен, доволно посебен за да поминете време со таа личност. И запомнете дека времето не чека никого...

Затоа престанете да чекате:

... да го отплатите автомобилот
... да купите нова куќа
... децата да пораснат и да си заминат.
... да продолжите да студирате
... да ги завршите студиите
... да изгубите 10 кг
... да качите 10 кг
... да стапите во брак
... да се разведете
... да добиете деца
... да отидете во пензија
... да дојде лето
... да дојде зима
... да дојде есен

Нема подобар момент за среќа од овој момент. Среќата е пат, а не цел. 

Затоа, работете како да не ви требаат пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа.