Сакај го своето дете какво и да е...

Јануш Корчак е познат полски педагог, писател и лекар кој трипати има одбиено да го спаси сопствениот живот. Првиот пат се случило кога одлучил да не си замине од Полска пред окупацијата, вториот пат кога одлучил да не си замине од гетото во Варшава и третиот пат кога штитениците од Домот за деца без родители биле сместени во воз и на пат да бидат пренесени во логор. На Корчак му пришол некој СС офицер и го прашал:

„Вие ли ја напишавте книгата „Кралот Матијуш“? Ја читав таа книга во детството. Книгата не е лоша. Слободни сте.“

„А децата?“

„Децата не се. Но, вие можете да го напуштите вагонот.“

„Грешите. Не можам. Не се сите луѓе ништожни.“

После овие зборови, не мора да се каже ништо повеќе за него. Ни останува само да се потсетиме на неговите 10 принципи за воспитување на децата:

Не очекувај од детето да биде како тебе или да биде онакво какво што сакаш ти да биде. Помогни му да не биде како тебе, туку да биде она што е.

Не барај детето да ти врати за она што си му го дал. Вие сте му дале живот, како би можело тоа дете да ти врати? Тоа дете ќе порасне и ќе даде живот на некое друго дете, итн. Тоа е неповратниот закон на благодарноста.

Не ја исфрлувај лутината на детето, за да не ти биде горко парчето леб кога ќе остариш.

Не гледај ги неговите проблеми како да се неважни. Верувај дека на твоето дете не му е полесно отколку на тебе, а можеби му е и потешко затоа што нема животно искуство.

Не го понижувај своето дете!

Не заборавај дека најважните средби во животот на еден човек се средбите со неговот дете. Обрнувај внимание на нив!

Не се мачи себеси ако не можеш нешто да направиш за своето дете, само сети се на една работа: За детето не е направено доволно само не е направено сѐ што може да се направи.

Детето не е тиранин кој завладеал со твојот живот. Детето е скапоцен пехар чиј живот ти е доверен на тебе и да го оддржуваш животниот оган во него.

Знај како да ги сакаш и туѓите деца. На туѓото дете не смееш да му го правиш она што не сакаш никој да му го прави на твоето.

Сакај го своето дете какво и да е: неталентирано, несреќно и кога ќе порасне. Радувај му се на секој разговор, затоа што детето е празник сѐ додека е со тебе.