Саглам премиер не оди во студентски дом на јадење и „селфи“

По ќебапчињата во Гостивар, тостот на Широк Сокак во Битола и мартаделата во РЕК, премиерот Димитар Ковачевски вчера беше на ручек со студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде за ручек имаше гравче.

Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами.

-Студентите се иднината на оваа држава.Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард, стои во објавата.

На социјалните мрежи пак, по неговата објава имаше лавина од негативни коментари, дека „немаат шајка заковано“ во студентските домови. Најава за реновирање на студентските домови има за 2023 година, откако студентите организираа неколку протести со барања за поквалитетн студентски живот.

-Саглам премиер не оди во студентски дом на јадење, туку оди да пушти во употреба нова менза, нови санитарни јазли, нов мебел, ново крило или друг важен проект што го реализирал за подобрување на студентскиот стандард!!! А Таче отишол да јаде!?

Божидар Божиновски или познат како Моџо Килингтон пак порача „ако нема киселини од ручекот премиерчето полека да легнуваме“ и додаде „За држава во која има професија „фотограф на премиерот додека јаде на различни места“ и не сме толку лоши.

-Што не отиде во мензата на Стив Наумов, па таму да ручате со студентите воедно и да го посетите студенскиот град кој впрочем вашиот ментор го најавуваше на секое негово излагање пред медиумите А? Со ,,селфи" проблемите на студентите не се решаваат треба работа, а не сликање, коментира еден студент.