Саемот на книга нема емоција во спортска сала, вели Ина Многуфина

Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје во тек е 37. издание на Саемот на книга

Ако некогаш се одржуваше на Скопскиот саем, денес е во спортски објект, негодуваат дел од граѓаните. 

На оваа тема се огласи и инфлуенсерката Ина Многуфина: 

- Можеби еден од најубавите настани во градов е Саем за книга башка има и попусти, све е тоа супер со книгите. Ама некако изгледа како залутано во спортска сала, нема душа, нема емоција. Ко на бувљак. Саемот го срушивме за уште еден мол, град на полупразни молови со едни исти дуќани и без некој убав простор за културни настани. Шознам, за греота сме, гласи нејзината објава на Фејсбук.

Додека овогодишеното издание на Саемот на книга ќе мине во „Борис Трајковски“, добра вест е дека властите неодамна најавија враќање на „Скопски саем“ во сопствен објект. 

Скопје ќе добие нов саемски комплекс, а жителите предлагаат истиот да биде надвор од градот

Даниела Глигоровска, директорка на „Скопски саем“ пред извесно време, исто така, ги нагласи предностите од обновување на саемската активност, која веќе неколку години не се одржува во свој објект.