Саем за вработување и кариера за студенти

Саем за вработување и кариера Job fair ќе се одржи денеска во техничкиот факултетски кампус во Скопје.

Целта на саемот е поврзување на студентите и компаниите кои во иднина можат да бидат нивни работодавачи.

Најавени се најразлични обуки и презентации, можности за разговар со претставници на водечки компании во Македонија како и информации за студентски пракси, стипендии и за потребниот работен кадар.

Саемот е во организација на БЕСТ Скопје, невладина организација на студенти.