Саем за мебел во салонот на Елит СОФА

И оваа година месец март ќе биде одбележан како месец на САЕМ ЗА МЕБЕЛ кој Елит СОФА ќе го одржи во рамки на својот салон. Во текот на целиот месец посетителите во Елит СОФА ќе имаат можност да купат уникатни парчиња мебел со попусти до 50%.

Работејќи по италијански стандарди, фабриката на Елит СОФА произведува модерни и впечатливи парчиња мебел кои се изложени во нивниот салон. Одбирајќи ги исклучиво најквалитетните материјали за изработка, Елит СОФА е единствениот производител на мебел во регионот кој за својот квалитет дава 10 години гаранција на производите.

А во богатиот  асортиман на производи може да се најдат најразлични модели на софи и седечки гарнитури, фотелји,  ексклузивни кревети ,  уникатни трпезариски маси и столици, како и аксесоари за домот.

Салонот за мебел Елит СОФА е лоциран на Качанички Пат веднаш зад Макпетрол, а Саемските попусти ќе важат во текот на цел месец март. Дел од понудата можете да погледнете и на сајтот www.elittesofa.mk