Саботажа кај Сарај: Поради поставени камења на пруга ќе излетал возот

Вчера попладне, во 17.15 часот, на дел од пругата помеѓу стојалиштето Сарај и стојалиштето Сулари, поточно на влез во село Кондово, скопско, патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кичево наишол и удрил во камења поставени на пругата од непознато лице.

Од ударот била предизвикана материјална штета (оштетување на моторот и карданот), а возот застанал во стојалиштето Радуша.

Повредени патници и персонал нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 22.30 часот, стои во соопштенито на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.