Руско МНР со апел до своите државјани: Попладне избегнете движење низ центарот на Скопје

Руското МНР преку својата интернет страница апелираше кон своите државјани да избегнат движење низ центарот на Скопје во попладневните часови, денеска кога е закажан протест за името.

Се препорачува движење во близина на улицата Димитрије Чуповски поради безбедносни причини. 

Инаку, протестот стартува во 18 часот, а протестниот марш ќе се движи по булеварот Свети Климент Охридски и Димитрије Чуповски до Собранието на Република Македонија. Ќе се испорачаат четири главни барања.