Рускиот институт „Гамалеја“ развива поливалентни вакцини против коронавирус

Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кои се и креатори на вакцината Спутник В, работи на поливалентни вакцини кои ќе покриваат поголем опсег на мутации. 

Според изјавата на заменик директорот Денис Логунов, во институтот се на пат да развијат сложена вакцина, од кои еден дел ќе биде базиран или на вуханскиот или на делта-сојот, додека пак другиот дел на омикрон, со што ќе се постигне повисока заштита. 

Според него, прерано е луѓето да се опуштаат, бидејќи колку и да е послаб омикрон, тој и понатаму претставува опасност за здравствените системи низ светот.