
Новата година не е тоа ако на трпезата нема руска салата, кифлички и баклава...
Но, со оглед дека во тек е Божиќниот пост познатиот македонски нутриционист Антонио Велковски сподели рецепт за посна руска салата со домашно приготвен мајонез.
- На 2 дена пред Нова година, правиме посна руска салата (затоа што ако немате руска за Нова година, како ништо да не сте спремиле). За руската, насечкав варени компир и морков, плус кисели краставички, а додадов и пченка.
За мајонезот блендирав 100 g откиснати индиски ореви со чаша соино млеко (може помалку за погуст мајонез), сок од лимон, сенф, сол, црн бибер и кала намак, сподели познатито нутриционист кои своите здрави рецепти ги споделува на Инстаграм.