Руската амбасада организираше низа настани по повод Денот на победата

По повод Денот на победата амбасадата на Руската Федерација во Македонија деновиве организираше низа настани во чест на денот на победата над фашизмот 9 Мај.

Вчера се одржа гала-концерт „Денот на победата” на кој гостите ужива во песните од времето на војната. На почетокот на концертот на присутните им се обрати амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин, а исто така беше прикажан краток филм за настаните во Големата татковинска војна.

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје се одржа акција Георгиевска лентичка. Ова е серуска акција, која се одржува од 2005 година. Сега врзувањето лентичка пред Денот на победата се претвори во традиција. Георгиевската лентичка стана симбол кој обединува генерации и земји, симбол на сеќавање и достоинство, симбол на борба за човечката цивилизација.

Беше одржан и молебен за помен на руските војници загинати во сите времиња. По молебенот беше отворен „Ѕид на сеќавање” со отсликани портрети на учесници на антифашистичка борба.

По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, на плоштадот „Магнолија“ во Битола се организира манифестацијата Бесмртен полк во соработка со Сојуз на борците од НОАВМ и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Руска Федерација.

Приредба имаше и на Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе каде се одржа концерт на руски песни „Подмосковски вечери“.

Настапија Аљона Мартинова и Арина Крајушкина, артистки од градскиот округ Електростаљ (Руска Федерација), збратимен со општина Струмица.