Новогодишни рецепти: Руска и пилешка салата, кифлички, сарма

Руска, пилешка салата, кифлички, сарма...се нешта кои мора да ги има на софра за време на прослави и новогодишни празници.

НОВОГОДИШНИ КИФЛИЧКИ

Можеби ќе ви изгледа дека подготовката е сложена, но верувајте ми, воопшто не е, а вложениот труд и тоа како се исплати.

1 кг брашно тип 400

400 мл млеко

2 свеж квасец

300 мл масло

3 супени лажици шеќер

3 кафени лажички сол

2 јајца

1 јајце за премачкување

малку сусам, ким, крупна сол за посипување

1.Во сад со 200 мл млако млеко ставете ги двата квасци, додадете 1 лажица шеќер и 1 лажичка брашно и оставете го квасецот да нарасне.

2.Кога ќе стаса квасецот, замесете помеко тесто со сите состојки. Убаво измешајте ги додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. На крајот, не заборавајте да го удрите тестото од работната повершина барем едно 15 пати (со ваквото удирање, глутенот во тестото почнува да работи и тестото станува мазно).

3.Откако убаво ќе го измесите, оставете го тестото да се дигне (барем 45 минути) на топло.

4.Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на топчиња (околу 40 гр тесто за средно голема кифличка). Со оваа доза, излегуваат 46 топчиња, односно кифлички.

5.Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и на едниот крај со нож расечете неколку линии до половина на коричката.

6.Свиткајте ја кифлата почнувајќи од оној крај кој не е расечен, и на крајот повлечете ги двата краја накај вас за да добиете форма на месечинка.

7.Наредете ги кифлите во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да пораснат (уште 30-40 минути).

8.Пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со разматеното јајце во кое се додава малку масло и неколку капки вода и попрскајте ги со сол, сусам или ким.

9.Печете ги во незагреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.

10.Забелешка: можете слободно да ги замрзнете и да ги одмрзнувате по потреба.

ПИЛЕШКА САЛАТА

Сосотјки:

200 г компири

200 г пилешко месо

200 г свежи шампињони

200-300 г кисела павлака

2 лажици мајонез

малку сол, црн пипер

Подготовка:

1.Свежите шампињони исчистете ги и на малку масло за готвење запржете ги. Mорковите, компирите и пилешкото месо сварете ги, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Оладени, исечкајте ги.

2.Ставете се во еден длабок сад, додадете ја киселата павлака и мајонез и промешајте. Зачинете со сол и црн пипер.

Во продолжение рецепти за богата новогодишна трпеза:

Подготовка на оргинална домашна руска салата

Баклава со ореви и плазма бисквити

Совршено и сочно уживање за сите гурмани: Сарма во куглов