„Руска бајка“: Новогодишен концерт на МОБ

Украинскиот сопран Тамара Калинкина, баритонот Борис Трајанов и тенорот Дарко Нешовски на 01 јануари 2017, ќе настапат како солисти заедно со Балетот и Оркестарот на Македонската опера и балет на концерт „Руска бајка“ на првиот ден од новата година.


Како што кажува насловот, овој пат Македонската опера и балет на 01.01.2017, во новиот Салон на МОБ во 20:00,во режија на Трајко Јордановски, ќе ја пренесе и слави убавината на руската музика. Со гала оперско-балетскиот концерт ќе предводи извонредниот диригент Иван Еминовиќ.

На програмата се дела од Глинка, Мусоргски, Корсаков, Чајковски, Шостакович..., композитори кои својата инспирација ја црпеле од рускиот фолклор и традиција, чии дела се вбројуваат во најдобрите од руската оперска, балетска и симфониска литература.