РУЧЕК ЗА 30 МИНУТИ: Печени компири со шунка и јајца

Подгответе си брз и вкусен ручек...

Состојки:

-1 кг компир

-шунка

-2 дл павлака

-3 жолчки

-маслиново масло, сол, бибер, исецкан магдонос

Подготовка:

1.Ставете го компирот да се свари. Изладете го, ислупете го и исечете го на кругови.

2.Сварете ги јајцата. Изладете ги излупете ги и исечете ги на кругови

3.Во тава премачкана со масло наредете ги компирите, посолете, попарате ги и ставете го исецканиот магдонос. Сето тоа залијте го со малку павлака.

4. Одозгора ставете ги јајцата а над нив исецканата шунка.

5. Последниот ред се повторно компирите кои треба да ги посолите и попарите. Испрскајте ги со малку маслиново масло и залијте ги со останатата павлака во која претходно ќе измешате 3 жолчки.

Печете на 220 степени, 30 минути.