Ручек набрзина: Вкусно пилешко со прелив

Состојки:

1 кг пилешко месо (батаци или пилешки гради)

1 лажица вегета за пилешко

7 лажици масло

6 јајца

150 гр брашно

½ лажичка сол

500-600 мл млеко

Подготовка:

1. Пилешкото месо одвојте го од коските, исечете го на мали парчиња и посипете со вегета за пилешко месо.

2. Подготвеното месо попечете го на 3 лажици загреано масло од сите страни десетина минути.

3. Размтените јајца помешајте ги со брашно, сол, млеко и смесата оставете ја да отстои 10 – 15 минути.

4. Во огноотпорен сад или плех ставете го преостанатото масло и загрејте го. На топлото масло истурете ја смесата припремена од јајца и брашно. На тоа распоредете го пропеченото месо, а врз месото прелејте со преостанатата смеса од јајца, брашно и млеко.

5. Печете во рерна загреана на 210 С, 20-30 минути.

По желба одозгора можете да премачкате со кајмак!