РСБСП потпиша Меморандум за соработка со АЦВ и АМЕРИТ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, денес во Скопје потпишаа Меморандум за соработка.

Документот преставува темелна основа за преземање превентивни мерки со кои ќе се заштити здравјето на учесниците во сообраќајот, ќе се воспостави интермодалност на сообраќајните мрежи во Република Македонија и ќе се промовираат безбедни начини за движење по пристапите од земската страна на аеродромите во Р.М. Воедно, ќе се  отворат нови можности за преземање мерки и активности со кои ќе се идентификуваат и обележат патиштата во близина на аеродромите, леталиштата и терените.

Потписниците на Меморандумот, едновремено, се заложија да организираат едукативни настани кои ќе имаат цел да го подигнат нивото на информациите достапни на странските туристи кои слетуваат на двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, за спецификите на сообраќајот, како и да им овозможат практични совети за безбедно учество во сообраќајот во земјава.

-Меморандумите што се потпишаа денес претставуваат добра основа за понатамошна успешна заедничка соработка, која се надеваме дека ќе даде сериозен придонес за подигнување на безбедноста на сообраќајот, особено кај професионалните возачи. Потпишувањето на овие Меморандуми нека биде и поттик за останатите компании во рамките на  своите активности од областа на опшествената одговорност да го препознаат сообраќајот како сериозен проблем и да вложат свои напори во придонесувањето кон поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот на патиштата, истакнаа од РСБСП.

Во духот на континуираните активности, на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот за соработка со сите релевантни институции и компании кои го препознаваат проблемот со безбедноста во сообраќајот, како општествен проблем, РСБСП денес потпиша меморандум за соработка и со СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ и Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија.

Досегашната добра соработка со АМЕРИТ, како опшествено одговорна компанија која се занимава со дејност поврзана со сообраќајот, како и нивните досегашни активности во подигнување на безбедноста на сообраќајот, беа само поттик за потпишување на Меморандум за соработка со кој  РСБСП и АМЕРИТ го потврдија својот заеднички интерес за унапредување на меѓусебната соработка и со цел продлабочување на соработката и постигнување на заедничи цели во зголемување и унапредување на безбедноста во сообраќајот како опшествен прооблем.

Потпишуваќи го овој Меморандум за соработка двете страни се обврзаа дека ќе соработуваат во полето на унапредувањето и зголемувањето на безбедноста на патиштата, зголемување на едукацијата на професионалните возачи и намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди преку заедничко делување.

-Потпишувањето на овој меморандум е  добра основа во рамки својата понатамошна собработка помеѓу двете инстиутиции да разменат искуства, совети и информации во врска со позитивните пракси кои се употребуваат и кои можат да се употребат, со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, заеднички констатираат првите луѓе на двете институции.