РСБСП: НЕ – за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања

Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски… И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.

Развојот на технологијата и зголемувањето на нејзината достапност и можност за употреба на секое место и во секоја ситуација, не значи дека имате право да го правите тоа секогаш и секаде.

Во некои ситуации, користење мобилен телефон не е по бон тон, а  во некои ситуации е ризично и опасно (кога возите, пешачите).

Во сообраќајот, како причина за одвлеченото внимание на возачот, мобилниот телефон се јавува во20 до 25% од сите сообраќајни незгоди. Со развојот на технологијата, во наредните години, се очекува овојпроблем дополнително да се влошува.

Одвлеченото внимание е причина за многу пролеани солзи и многу крв на патиштата, за голем број загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, за многу тажни животни приказни испишани на патиштата и на улиците, за тажни човечки судбини. Треба да се замислиме: вреди ли?

И покрај црната статистика, на светско ниво, 45% од возачите го користат мобилниот телефон додека возат,а според истражувањата на РСБСП, во Република Македонија, 63% од возачите користеле мобилен телефон додека возат.

Универзитетска студија во САД, проценува дека употребата на мобилни телефони за време на возењето, резултира со околу 2.600 смртни случаи и 330.000 сериозни повреди годишно, а пак истражувањатана СЗО,покажуваатдекаупотребатанамобилентелефонјазголемуваопасностаодсообраќајнанезгодаза 4 до 9 пати.

Се поставуваат прашањата: Колку важен разговор не може да „почека“ да застанете на првото безбедно место на кое може да се запре возилото и да разговарате? Дали бегајќи од метежот, гужвата и опкружувањето со секакви луѓе, свесно ги оставате телефонските разговори за моментите кога ќе бидете сами зад воланот?

Дали сето она за што разговарате на мобилниот телефон ви е поважно од тоа да стигнете здрави, живи и безбедни на посакуваната дестинација?

Дали сте свесни за ризикот и опасноста на која се изложувате вие, вашиот живот, животот на вашите најблиски и животот на другите учесници во сообраќајот, со тоа што не можете да се воздржите да не го користите мобилниот телефон кога сте зад воланот?

Дали  знаете дека пишувањето порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри?

Многу прашања, а само еден одговор. Користењето на мобилниот телефон додека возите е опасно и ризично. Секојдневно слушаме изговори од типот „Ми ѕвонеше телефонот, морав да се јавам. Ме бараа од работа, беше многу важно. Ме бараше ќерка ми од училиште. Ме бараше мајка ми, си помислив дека е нешто важно. Ме чекаа да им одговорам. Ќе беше неодговорно ако не им се јавам“.

Многу изговори, многу оправдувања, ама ниеден изговор, ниедно оправдување, не е и не може да биде поважно од животот и здравјето на човекот. Ниеден разговор, ниедна работа, не е достојна за една капка крв, за една солза пролеана на улиците и патиштата.

Сите изговори лажно ја помируваат совеста, сѐ додека не се случи нешто трагично. Кога ќе се случи сообраќајната незгода, тогаш ќе сфатите дека ниеден изговор, не може ни за момент, ни за малку да ја помири или промени свеста, одговорноста и последиците. Но, тогаш е веќе касно.

Затоа, без изговори!Без мобилен телефон зад воланот!

Употребата на мобилентелефон додека се управувасо моторно возило е ризично, опасно, но и спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Возач кој зборува или пишува на мобилен телефон додека вози, се санкционира со 40 евра во денарска противвредност или со регистрирање 25 негативни бода во возачката книшка. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило и на тој начин го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

РСБСП апелира: Кога возите оставете го мобилниот телефон настрана. Без изговори и без оправдувања. Животот и здравјето, но и безбедноста – нека ви бидат секогаш на прво место.