Ротвајлерот кој напаѓаше во Скопје ги има сите потребни документи за да ја напушти Македонија – заминува во Италија

Кучето кое пред неколку месеци искаса девет жители на Скопје наскоро ќе замине за Италија. Ротвајлерот кој нападна пет деца од населба Аеродром и четири  жени од општина Гази Баба ги има сите потребни документи за да ја напушти Македонија, дознава СДК.

Тој за овие четири месеци бил социјализран во прифатилишето, близу Велес и тренерот тврди дека не е повеќе опасност по околината.

Кучето беше заловено од шинтерската служба на Град Скопје и однесено во стационарот Вардариште. Но, потоа било примено на припитомување во Велес.

„За кратко време ќе замине за Италија.  Правевме напори да се вдоми тука, во Македонија, но не можеше, па е договорено да замине за Италија. Не знам дали во  пансион или  кај некое лице – не ми е познато. Кучето е социјализрано и не е опасност по околината“, рече Ристе Гиевски професионален тренер на кучиња во АРМ и сопственик на пансион за кучиња скитници, во близина на Велес.

Гиевски од 1989 од кога работи како професионален дресер, изгледал 5-6.000 кучиња.