Ротквици: Најубавиот зеленчук во нашата кујна

Луткастиот вкус на ротквиците го поттикнува лачењето на желудочни сокови, поради што одлично е да се служи во облик на салати или пак напитоци, односно прилог кој го отвора апетитот.

Заштитник на телото

Ротквиците поттекнуваат од Азија каде се огледувале уште пред 3000 години. Црвената боја произлегува од пигментот антицијан. Оваа состојка е многу важен антиоксидант кој ги чува клетките на телото од распаѓање и гарантира здравје на целото тело.

Го поттикнува варењето

Малку лутиот вкус на ротквиците придонесува за лачење желудочни сокови. Освен тоа, го поттикнува варењето и работата на цревата, а посебно се препорачува на оние лица кои имаат проблем со тврда столица.

Сојузник на фит формата

Во 100 гр ротквици можат да се најдат 16 калории, бидејќи плодот е составен од најмногу вода. Овој зеленчук е одличен извор на витамиин Ц, диетални влакна, калиум кои даваат енергија и го јакнат организмот.

Антибактериско оружје

Сокот од свежи ротквици е стар рецепт за лечење на жолчката, а се покажал и како особено користен за исфрлање на слузта од дишните органи за време на сезонските болести, бронхитис и грип. Многу експерти тврдат дека тоа е поради антибактериските својства, кои ги прават одлични и против кашлица и главоболки.

Чувар на црниот дроб

Ротквиците содржат материи кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб што е и одлично средство против жолтица. Освен тоа, тие се одлична намирница за чистење на црниот дроб.