Сестрата на трагично починатата Фросина се огласи на социјалните мрежи по прес-конференцијата на родитителите на Васил. Таа напиша дека тие како родители не преземале никаква одговорност па уште се нудат да помогнат.
„Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции“,напиша Кулавкова.