Роналдо конечно откри каде ќе игра следната сезона

Италијански спортски весник „Газета дело спорт“ денеска објави каде ќе ја продолжи кариерата еден од најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо.И покрај се погласните најави дека ќе мора да си замине од Јувентус, Португалецот по враќањето во Торино им испратил порака на челниците на клубот дека ќе остане верен на „старата дама“ и во новата сезона.

-Јуве, стигнав. И ќе останам! – порачал Роналдо.

Италијанските новинари информираат дека челниците на Јувентус веќе подготвуваат нов договор за португалскиот ас, со оглед дека актуелниот му завршува следното лето. Роналдо изминатиот период беше поврзано со враќање во Спортинг, Реал Мадрид односно Манчестер Јунајтед, како и со трансфер во ПСЖ.