Романтичната страна на Џамбазов: Сите негови јавни љубовни признанија кон Илина

Познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов и уметницата и планинарка која ги има искачено највисоките врвови во светот Илина Арсова се супер пар, коментира јавноста.

Откако ја обзнанија нивната врска, под нивните заеднички фотографии се редат голем број на комплименти и желби нивната љубов од ден на ден се повеќе да расте.

-Игор е заљубен дури изгубен, коментира негов близок пријател. 

Потврда за тоа е изјавата на Игор во една прилика кон Илина: „Ти ми го продолжи животот. Ти ме научи да го сакам животот. Ти си мојот живот“, и порача тој на својата сакана. 

Убаво е кога двајца успешни и интересни луѓе ќе се сретнат и вљубат, но и ќе ја негуваат љубовта, велат нивни блиски пријатели.

Џамбазов несомнено на оригинален начин ја покажува својата љубов кон Илина, а на Инстаграм тоа изгледа вака: