Ролер-трка на скопските улици

Град Скопје и ЈУ„Детскиот културен центар-Карпош“ од Скопје веќе шеста година ја организираат „Ролер трката 2017“. Во оваа спортска манифестација, чие мото е „Возиме кон иднината“, ќе учествуваат училиштата од градот и од околината на Скопје.

Целта на оваа рекреативна масовна акција, која ќе се одржи утре /21 април 2017 година, петок/ во 12 часот на булевар „Илинден“, е развивање на спортскиот дух и желбата за спортување на нашите најмлади.

Стартната позиција ќе биде на булевар „Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и ќе се движи до клучката на булевар „Илинден“ со улица „Никола Тесла“ (кај ЈП „Паркови и зеленило“).

Со мислата во здраво тело, здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба.Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.

Годинава очекуваме во трката да учествуваат деца од над 30 основни училишта од градот и од околината, а ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија.