Рокот за пријавување учество во процесот на дизајн на прототип за велосипедски паркинг е продолжен

Рокот за пријавување учество во процесот на дизајн на прототип за велосипедски паркинг е продолжен до 6 ти април!

Често поставувано прашање за повикот е: „Дали треба да аплицирам со готов дизајн?“ 

Во сегашната фаза на повикот, потребно е само да пријавите за интерес за учество преку пополнување на формуларот наведен во повикот.

Во следната фаза, доколку сте избрани, ќе бидете повикани за учество на воведна работилница за запознавање со избраните учесници, каде ќе се посетат локациите за документација на постоечката состојба, и ќе се дискутира околу предизвици и можности за предложените локации. Во наредните месец дена избраните кандидати ќе имаат време да работат на решението. Презентацијата на решенијата ќе се реализира на 15 Мај 2020.