Родителите во паника и со поделено мислење: Се најавува епидемија од морбили, дали да ги вакцинираат децата?

Епидемијата на морбили во Радишани прогласи Министерството за здравство по појавата на неколку заразени дечиња од градинката Ташко Караџа. Од мали сипаници заболел и еден возрасен кој бил во роднински врски со едно од децата. Јавната установа од денеска е со клуч на врата и 15 дена ќе биде затворена.

Ваква препорака до министерството за труд и социјала дале здравствените власти за да го спречат ланецот на ширење на заразата. Ниту едно од децата кои заболеле од морбили не биле вакцинирани со МРП. Две од нив се задржани на Клиниката за инфективни болести а останатите се на домашно лекување.

Филипче вели дека ова е последица од неколкугодишните антивакцинални кампањи поради кои и дошло до опаѓање на колективниот имунитет. Повторно најави преговори за промена на законот, за да нема упис во градинка и училиште без примени вакцини.

Епидемиолозите предупредуваат дека малите сипаници се болест кои можат да дадат сетриозни компликации и апелираат дека вакцинацијата е единствената заштита.

-Мора да ги вакцинираат бидејќи може да дојде до воспаление на мозокот, но и да има смртни последици. Оваа година имавме 51 случај на морбили, но ова сега е посериозно бидејќи има повеќе деца од едно исто место, велат од ИЈЗ.

И покрај најавата дека може да настане епидемијата од мали сипаници, дел од родителите се во дилема, дали да ги вакцинираат своите деца.

Родителите се со поделено мислење, кога е во прашање вакцинацијата.

Од една страна во јавноста проструија информации кои зборуваат дека токму вакцините и состојките во нив влијаат за појава на тешки заболувања, а од друга страна надлежните тврдат дека со неа се гради колективно здравје и дека нема докази за нејзина поврзаност со болести.

Дел од родителите сметаат дека вакцините се виновници за аутизам кај многу деца, имунолошки и алергиски заболувања, па дури и смртоносни болести.

Еве што велат родителите за оваа тема:

-Јас сум ПРОТИВ!Затоа што се вакцинира со неквалитетни вакцини најчесто набавени од Кина а често и со пројден рок. Вакцините немаат врска затоа што вирусите мутираат постојано а не се толку спремни да секоја сезона прават нови серии, Најлошо кога малиот организам со уште не стекнат имунитет го вакцинираат со 2 вакцини. Во развиените држави ретко кој вакцинира, само ние сме најпаметни изгледа. Вакцинираат против вируси што некои веќе не се појавиле од втората светска војна или пак за нешто што е непотребно или има рок на имунизација. Нус појави од вакцини, кои сите ги знаат ама вешто ги преќутуваат. Одамна се познати штетните т.е нус појавите од вакцините ама ретко кој може да ја побие и саботира таа машинерија на големите фармацевски фирми кои ги произведуваат. Тоа се тешки пари со кои некој си го полни џебот на сметка на човечки живот. Нека се изјасни некој д-р дека го вакцинира своето дете. Епа нема, затоа што одат на семинари и читаат и знаат што се случува.... Некогаш не си паметен да знаеш што е најдобро за своето дете. Еве сега за да го запишеш во основно училиште мораш да приложиш и картонче дека е вакцинирано од сите вакцини, ако не го приложиш е што нема да го запишеш во школо или ќе ти лупнат казна?!?! Го вакцинирав затоа што морав а не дека сакав и тоа онаа најкобната ја задоцнив скоро година дена за да ојача имунитетот па тогаш (имам случај во фамилија во која вакцината му го уништи животот на детето).

-И јас сум читала дека некои состојки во вакцините се канцерогени, ама ете пусти страв, да не направиш поголема беља ако не отидеш, па после цел живот да се обвинуваш себе си.

-За почеток би сакала да кажам дека сум благодарна сум што живеам во ова време каде постои интернетот и многу информации ни се на дофат на рака. По се што прочитав и научив јас се одлучив да не го вакцинирам моето дете, па макар и ме камшикувале на плоштад. Син ми прими само две вакцини, првата која ја ставаат 24 часа од кога ке се роди во болница - прва доза хепатит, и втората доза, кога се уште не бев доволно иформирана на 2 месечна возраст но и тогаш бев во довумица. Единствено што би сакала е да успеам да најдам некоја врска да му ставам само од тие асимтомските вакцини против тетанус. Голем дел од новите вакцини на денешницата како за хпв вирусот за девојчина, сезонскиот грип и сличо се направени само за перење на пари. Самите доктори не ги вакцинираат своите деца и оние кои ги вакцинираат купуваат од Грција од тие без симтоми бидејки нашите се премнногу нискобуџетни, со тоа што нус појавите би можеле да бидат поголеми.А за нус појавите каде што има фатални штети многу вешто ги кријат и затајуваат. Сигурна сум дека повекето од вас знаат дека нилскиот комарец, Х1Х2 вирусот и многу други се лабараториски создадени веруси, за подоцна медицинската индустрија да пери пари од нив.. Истот така аутизмот била болест предизвикана од вакцините. Во составот на вакцината има состојка која се вика тимеросал и е 50 проценти жива. Вистината полека но сигурно испливува на виделина, свеста порасна...

Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој.

Вакцината според надлежните е најисплатлива здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести од кои луѓето умирале во минатите векови.

Во ЕУ од 27 земји во 15 вакцинацијата е задолжителна, а во останатите земји дел од вакцините се задолжителни, а дел се препорачани. Задолжителни се вакцините за полио и за тетанус. Сепак, свеста на родителите во европските земји е на тоа ниво што иако не е задолжителна тие може да ги вакцинираат своите деца.