Родителите со автомобилите ги блокираат влезовите на училиштата (фото)

Со почетокот на учебната година почна и сообраќајниот метеж низ градот. Родителите на дечињата секое утро како и попладне ги блокираат влезовите на училиштата, тротоарите, вело-патеките како и улиците за да си го земат или остават своето дете.

-Има паркинг од другата страна на улицата веднаш пред училиштето „Кочо Рацин“. Очигледно полесно е пред влез да се паркираш и да го блокираш сообраќајот. И ако станува збор за родителска не треба да се паркира на улица. Нивното дете не е побитно од туѓото и само пајак за ваквите, вели еден скопјанец.

-Пред ОУ „Кочо Рацин“  вака е од 07.45 до 08.00 и во 14.40 до 15.00 кога родителите на најмалите ги земаат и оставаат децата. Инаку училиштето е одлично организирано за прифат на децата од улица, коментира член на Фејсбук страната Ѕид на сообраќајниот срам.

Слична е сликата секое утро и пред училиштето Ацо Шопов во Радишани.