Родителите револтирани: На работа мора да одиме, а во градинките нема место за сите деца!

- Моето дете сега ќе наполни 9 месеци, што значи дека јас морам да се вратам на работа, а за него нема место во нашите градинки! Дали јас треба да дадам отказ од работа за да седам сега дома, за да го чувам моето дете? Или треба да барам жена која ќе чува, што е еднакво на мојата плата! Во кое општество живееме ние?, пишува коментари на социјалните мрежи, мајка од Скопје. 

Една интересна, но и иритирачка тема која што е актулена деновиве е дека нема место во градинките и дека и за таму, како и секаде на друго место ти требаат силни врски. Ако немаш доволно врски, твоето дете ќе седи дома.

- Јас немам врски за да го запишам детето во градинка, а немам ниту кој да го чува. Немам финансии за го пратам во приватна градина. На работа морам да одам, не можеме да живееме од една плата на сопругот. Но, никој не го интересира периодов, се жали друга мајка. 

Уште не си проодел, не ти излегол ниту прв заб, а веќе имаш врски за во градинка, да ти чуваат учителките место. Не е важно што во градинка ќе тргнеш после неколку месеци или години, тебе ти требаат врски сега за да ти обезбедат место.

Родителите велат дека полесно би го запишале своето дете на факултет отколку во градинка.

Иако постојано се градат и отвараат нови градинки, дури и во руралните средини, сепак се уште нема место за сите деца.

Барање врски за поправање на оценки, врски за запишување во средно или на факултете, а сега и врски за децата да можат да се запишат во градинка.