Родителите ни ги простуваат за сè, но некои грешки тешко се забораваат

Често не сме свесни за тоа, но секојдевно правиме нешто со што ги повредуваме нашите родители.

Ги занемаруваме

Имаме пријатели, или пак и  свое семејство. Имаме милион обврски, или барем така си велиме. Не ни текнува да им се јавиме да ги прашаме како се. Некогаш минуваат месеци или недели додека да се решиме да отидеме кај нив. Внимавајте, утре веќе може да биде доцна.

Ги навредуваме 

Им велиме дека се досадни или дека премногу ни пречат, се жалат и често ни се јавуваат. Но, можеме ли да се сетиме какви бевме ние како деца? Ни велеа ли дека им пречиме? Никогаш.

Кога ќе кажат дека имаат проблеми со здравјето, велиме дека нашите се поголеми

Ако се пожалат барем малку, им велиме дека и ние го имаме истиот проблем. Тие само сакаат да кажат некому за тоа што ги мачи. Си велат кому да кажам ако не на своите деца. Сослушајте ги, не можете секогаш да им помогнете, но доволно е да ги прашате како се.

Не сте им благодарни

За голем дел од луѓето, тие се тоа што се денес благодарение на нивните родители. Некогаш се преценуваме себеси велејќи дека сами сме постигнале сè, но не е така.  За голем дел од работите кои ги имаме, тие се резултат на пожртвуваноста и посветеноста од нашите родители.

Не споделуваме со нив ништо

Често им велиме дека не треба да знаат. Грешиме. Можеби не мораме да навлегуваме во детали, но кому би кажале ако не им кажеме на своите родители? Тие навистина сакаат да знаат што се случува во нашиот живот.

Се однесуваме кон нив како да се мали деца

Не се деца. Тие имаат поголемо животно искуство од нас самите.