Родителите на убиените момчиња кај Смиљковското езеро не се организатори на денешниот протест најавен за 13 часот пред Кривичниот суд и нема да бидат дел од истиот.
Тие за Фокус велат дека не треба да се злоупотребува нивната болка.
-Нашата болка и едните и другите ја користат за политичко поентирање, па затоа бараме тоа да престане, велат родителите за Фокус, за протестот „Правда за жртвите од Смилковското езеро“.