Родителите на Јана со потресно сведоштво: Како со пепел да сме полни

Родителите на малата Јана која почина во битолската болница, Кристина и Стојче со солзи во очите проговорија за трагедијата за Сител ТВ

-Ова да не се случи на никого, ниту на душман. Се чувствуваме како да немаме органи како со пепел да сме полни, ни емоции имаме, ни чувства имаме повеќе, со солзи во очите родителите Кристина и Стојче за Сител ја коментираат загубата на нивната ќерка Јана.

- Ние не сакаме да ги обвиниме лекарите дека намерно згрешиле или намерно сакале да му го одземат животот на детето. Само ние мислиме дека толку им е знаењето, кажа Кристина, мајката на малата Јана додавајќи дека Јана никогаш немала никакви хронични заболувања, а најмалку шеќерни или срцеви заболувања. 

Јана била хоспитализирана веднаш по крвната анализа, која следела по прегледот на докторката, раскажа мајката на Јана. 

- Отидовме во лабораторија почекавме бидејќи имаше гужва, влегов два пати за да кажам дека се работи за мало дете за да ја избегнеме гужвата бидејќи е дехидрирано девојчето. Почекавме 5 минути, и земаа крв, рацете и беа ладни и едвај и земаа крв поради дехидратацијата. И го измерија шеќерот и тој беше 8,9. Потоа, ни рекоа да почекаме да ја известат докторката дека е шеќерот 8,9, вели Кристина.

-Си го легнав срцето на креветче, ја почекав сопругата да се врати од лабораторија бидејќи таму ја заборави книшката и откако дојде јас излегов во ходникот, кажа Стојче, таткото на малата Јана.

- Сестрите и ставија инфузија. Инфузијата течеше нормално, девојчето лежеше и си заспа. По неколку минути и се поврати бојата на лицето, и се стоплија рацете, се беше во ред. Кога инфузијата стигна до половина девојчето почна да се жали на болка во стомакот и нозете. Станав да ја побарам докторката, сестрата ми рече дека докторката не е тука дека работи, па ја викнав сестрата да и кажам дека девојчето го болат стомакот и нозете и дека не сака повеќе да лежи и бараше да и се извади инфузијата таа рече дека е нормално да има грчеви од што повраќала. Раката и отече. Инфузијата и ја премести сестрата на другата рака и мислам дека ја поотпушти бидејќи ја замолив така да направи доколку смее затоа што не може да седи, а ако не смее не смее. Јана се тресеше од болки. Медицинската сестра ми рече дека докторката ќе дојде, седете не е ништо ова е грчеви во стомакот нека дотече инфузијата, кажа Кристина, додавајќи дека се додека течела инфузијата Јана велела дека не може да издржи, а докторката не се појавила ниту еднаш.  

На прашање кога нагло дојде до влошување на ситуацијата на Јана, нејзината мајка кажа дека тоа се случило по истекување на половина од инфузијата. 

Целиот разговор со родителите кои проговорија за Сител ТВ во продолжение: