Родителите и роднините на затворениците од македонските затвори ќе протестираат пред Владата

Родителите и роднините на затворениците од македонските затвори ќе протестираат пред Владата со цел и тие  да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија кој е во процедура за донесување и се однесува само за обвинетите во настаните од 27 април во македонското Собрание.

По тридневниот штрајк со глад на затворениците од Идризово, нивните родители и роднини велат дека се подготвуваат за протест пред Владата кој би требало да се организира во наредните неколку денови.

Тие, за весникот Вечер велат дека се разочарани од изјавите на премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска дека нема да има закон за општа амнестија туку само за тие од 27 април, кои не вршеле насилство и не биле креатори. Меѓутоа, затворениците, амнестијата дадена на почетокот на оваа година ја нарекуваат селективна и затоа како што веќе објави весникот Вечер испратија писмо во електронска верзија до претседателот на РМ, претседателот на Владата, претседателот на Собранието, до Народниот правобранител и до Хелсиншки комитет.

Затворениците најавуваат протести на нивните роднини доколку владата не ги земе предвид барањата за помилување или повторно разгледување на казните.

Денеска затворениците ги посетија и од Канцеларијата на Народниот правобранител, но од таму ни рекоа дека деталите за состојба ќе ги изнесат утре. Освен од Идризово, ТВ21 од затворениците во Штип и Прилеп дозна дека и таму има десетици затвореници кои се на штрајк со глас, но такво нешто негираше Директорот на Управата за спроведување на санкции.

Околу 270 затвореници вечерва штрајкуваат со глад, барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Од затворот „Идризово“ изјавија дека бројката на затвореници кои одбиваат храна е намалена за 60 од вчера кога штрајкуваа 330 затвореници.

Штрајкот на затворениците почна пред два дена кога храна одбија речиси сите затвореници, но по најавата на премиеро т Зоран Заев дека амнестијата е само за учесниците во настаните од 27 април, бројот на штрајкувачи е намален на една третина
До редакцијата на весникот Вечер стигна писмото од родителите и роднините на осудените затвореници кои издржуваат казна затвор по македонските затвори со барање да бидат опфатени со законот за амнестија кој е во подготовка а се однесува само на инволвираните во настаните од 27 април. Писмото, во електронска верзија е испратено до претседателот на РМ, претседателот на Владата, претседателот на Собранието, до Народниот правобранител и до Хелсиншки комитет.

Во македонските затвори, затворениците втор ден штрајкуваат со глад затворениците со исто барање, да бидат еднакво третирани како и лицата за кои се подготвува законот за амнестија.