Родители на првачиња, не купувајте ранци и прибор! Оваа скопска општина ќе ги обезбеди за првачињата

Општина Кисела Вода и оваа година продолжува со убавата традиција - секое прваче во Кисела Вода ќе добие квалитетно анатомско ранче и училишен прибор!

- Околу 600 дечиња од осумте основни училишта на територија на општината, кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи ќе добијат ранче, тетратки и сè што им е потребно за успешно да го започнат своето образовно патување.  Проектот што за првпат го започнавме токму кај нас, денес е пример што се прошири речиси низ цела Македонија.Го креиравме со цел да им дадеме вистинска поддршка на семејствата, порача градоначалникот на општината Орце Ѓориѓиевски. 

- Првиот училишен ден е посебен момент, исполнет со радост, возбуда и гордост и за децата, но и за родителите. Тој ден треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи.  Затоа, ги известувам сите родители дека нема потреба да купуваат ранци и прибор. Нема никакви критериуми, ниту административни процедури - оваа мерка важи за сите наши првачиња! - додава тој.