Родилката од Охрид почина, се сомневаат во сепса, се истражува дали имала и КОВИД 19

Клиниката за гинекологија информира за НОВА ТВ дека синоќа околу 22 часот починала родилката од Охрид. 37 годишната родилка била донесена во болницата со мртов плод. Лекарите веднаш го извадиле плодот, а од стомакот на мајката е отстранет и гној. Од ГАК сметаат дека се работи за сепса, а присуството на КОВИД 19 дополнитело ќе се истражува. 

Охридските лекари рекле дека се работи со жена со прекумерна телесна тежинакојашто последните 5 месеци речиси и да не се движела и не правела редовни котроли. 

Втората родилка од Куманово  била примена на 30 март, второротка е на возраст од 27 години која во 20:15 поради намалена плодова вода и влошена општа состојба е породена со царски рез.

Пациентката е спроведена и породена во изолација, заради фактот што истата како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова e најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. Со родилкаата е постапено по сите протоколи за прием на заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот, соопштуваат од ГАК.