Родените во овој знак се единствените личности на кои можете целосно да им верувате

Секогаш стабилни и промислени, тие одлично се носат со секоја ситуација, што ги прави добри личности, но и совршени партнери и пријатели.

Станува збор за родените во знакот Бик. Тие одат чекор по чекор, промислено и со план. Имаат одлично паметење  и иако не се злопамтила, со вас ќе се однесуваат онака како што ќе заслужите.

Сепак, штом еднаш ве засакаат, тие нема што нема да направат за вас. За нив, успешен е оној однос кога ќе стекнат доверба во вас и кога ќе видат дека стоите позади зборовите кои ги кажувате. 

Биковите никогаш не играат игри и иако им значат туѓите чувства, никогаш нема да ви го кажат тоа што сакате да го слушнете. Тие се отворени и искрени, но и многу дипломатични. Кога ќе утврдат дека можат да ви веруваат, тие ќе почнат да ви кажуваат работи за себе, а претходно може да не знаете ништо за нив. Ако им кажувате тајни, Биковите се единствените кои ќе ја сочуваат таа тајна само за себе, не кажувајќи никому. 

Тие се многу лојални и посветени пријатели кои секогаш ги исполнуваат дадените ветувања, а односите со блиските ги сметаат за сериозни и многу важни. Сепак, истото ќе го очекуваат и од вас.