Родените во овој хороскопски знак најлесно можат да ви го уништат расположението

Иако постојат луѓе на кои им се многу драги и блиски родените во овој знак, сепак за голем дел од луѓето, тие се напорни и ги избегнуваат во широк радиус. Станува збор за Девиците.

Една од лошите страни на луѓето родени во овој знак е тоа што веруваат дека се најдобри во се што прават и секогаш мислат дека можат сите работи да ги направат подобро од вас. Од другите луѓе постојано бараат совршенство, и им наоѓаат маани, постојано посочувајќи им на дури и најситните грешки кои ги направиле.

Тие се личности кои сметаат дека не треба да се менуваат, но затоа на другите луѓе ќе им покажат во што не се добри и тоа ќе им го кажат директно. Тие се големи злопамтила, кои ништо не забораваат.

Понекогаш, околу своите ставови знаат да бидат многу напорни, а и често се однесуваат како личности кои не знаат да уживаат. На плажа ќе се замараат со другите, во кино ќе ги коментираат нереалните сцени, а на забава ќе зборуваат колку се е валкано.