Родените во март: Ведри личности кои секогаш ги штитат оние кои ги сакаат

Во народните верувања, третиот месец од годината е познат и како Баба Марта поради својата променлива природа и непредвидливост.

Луѓето родени во март  се добри личности кои се едни од најомилените на своето работно место. Тие се вредни и мудри, а попустливи се дури и кога се лути на другите. Но, штом некого избришат од својот живот, тоа е засекогаш.

Ако се родени во март, вие сте страствени, креативни личности со смисла за драма. Храбри сте и во себе имате силна енергија за животот. Уживате во нови, возбудливи работи, без оглед на тоа дали станува збор за нови мести, храна или забава. Го следите своето срце и секогаш го кажувате тоа што го мислите.

Родените во март се големи заштитници за оние кои ги сакатат. Тие уживаат да се дружат и да минуваат време во природа, така што лесно се поврзуваат со природата и светот околу нив. Горди се на себе и на своите постигнувања.

Омилен цвет им е нарцисот, а омилен мирис сладолед со чоколада и ментол.