Родени сме за да блескаме...

Животот е за да се живее со полни гради. 

Животот е за насмевки, среќа, прегратки и пријатели.

Животот е за да го живееме со семејството, да го цениме она што го имаме. 

Животот треба да го поминеме во потрага по онаа искра во нас, по онаа страст која живее во нас, но понекогаш треба да почекаме за да излезе на површина.

Животот не е за да заглавиме во врлог од работа, животот не е за цело време да бидеме уморни и не расположени. 

Животот не ни е даден за да го трошиме во седење меѓу четири ѕида, постојано барајќи работи за да се жалиме и за да бидеме незадоволни.

Ние сме родени за да блескаме, да блескаме од среќа, полни со насмевки и убави спомени.

Родени сме за да ја пронајдеме искрата во нас. 

И кога ќе ја пронајдеме никогаш не смееме да дозволиме да згасне. 

Блескајте низ животот, тоа е она што го прави вреден за живеење.