Роденденска журка: 20 години постоење од Havana Summer Club

На 1 јуни, едно од најпознатите летни дискотеки Хавана ќе прослави 20 години постоење. По тој повод ќе се организира незаборавна журка за сите хаванџии.

„Повелете за заеднички да наздравиме за:
- 20 години позитивни спомени
- 20 години незаборавни моменти
- 20 години разигран подиум
- 20 години заглавување до сабајле
- 20 години нови пријателства
- 20 години ПОСТОЕЊЕ на НАЈ-cool летно диско во Скопје!

Ве покануваме сите вас - хаванџии, кои 20 години придонесовте и се уште придонесувате за Хавана да биде убава на свој начин кој ние највеќе го сакаме и почитуваме!

Покрај вас, во сабота со нас ќе бидат и:
- SOUTH PARK BAND
- POP ART BAND
- DJ SLAVE

Заеднички да и се радуваме на наша Хавана!
Ве очекуваме на подиум ♥“, пишуваат од клубот на фејзбук страната.