Роденденска крводарителна акција во Карпош

По повод 44 години од постоењето на Општина Карпош, а во рамките на традиционалните „Денови на Општина Карпош“, утре, 29 октомври, ќе се организира роденденска крводарителна акција.

Акцијата ќе се спроведе во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“, во периодот од 9 часот наутро до 16 часот, при што крв ќе даруваат само вработените од општинската администрација.

Досега се пријавени потенцијални 40 крводарители, а акцијата ќе се спроведе според сите заштитни протоколи во услови на ковид пандемијата. Тоа подразбира дека во периодот од еден час крв ќе даруваат најмногу околу четири до пет дарители на крв.