РКМ: Сите анализи покажуваат дека во нашите деривати нема опасни ПЦБ честички

Жал ни е што овој текст има тенденција да го наруши имиџот на нашата компанија без никаква причина и покрај потврдата од македонската царина дека нема основ за сомневање на увоз на материи штетни по здравјето. Во изјавата од македонските власти јасно и концизно се демантира вашата информација врз основа на уредно примени акти од анализи и записници од хрватската царина каде не се констатирани PCB честички, се вели во реакцијата на компанијата РКМ на текстот објавен вчера, на 20 декември на Скопје Инфо под наслов „Кој увезува опасна смеса мазут во Македонија, за која предупредуваат хрватските власти“

„Во врска со текстот сакаме демантираме и да известиме дека на граничниот премин Бајаково е извршена контрола на преку 25 цистерни, од кои на 5 се констатирани ПЦБ честици, а испраќач е австриска компанија од руски производител на која ѝ се одземени сите права за увоз и извоз во иднина. Тој мазут од тие цистерни каде се констатирани овие ПЦБ честици бил наменет за Косово, a ние немаме допирна точка со тој производител, трговец и производ.

Во однос на дериватите увезувани од германската рафинерија и австриската рафинерија чиј увозник и застапник е РКМ, хрватските власти констатираат дека сѐ е во ред и дека се работи за еколошки дериват каде нивото на сулфур е под 0,5 %, а целокупната соодветна документација хрватските власти ја имаат спроведено до Цариснката управа на што е одобрен увозот. ПЦБ честички во нашите деривати кои се користат во Германија и Австрија не се дел од производот. Царинската управа редовно ги контролира сите наши увози со позитивните законски прописи на државата.

РКМ како компанија е под постојан надзор на државните инспекциски служби и во досегашното работење не е констатиран ниту еден прекршок на која било процедура при увоз на деривати и енергенси.

Во однос на споменувањето на моето име во врска со објектот на плоштадот Македонија и фирмите на Самсоненко, нема никакви злоупотреби. Проблемите во неговите фирми се од финасиско должничка криза со која се соочува повеќе од три години, а не од афери и кривично-правен карактер. Оваа држава е европска држава каде мојот поранешен газда не знае колку пари должи, а судот во оваа држава и институции се адресите каде се решаваат споровите. По судската завршница јавноста ќе биде информирана. Фирмава на која се обидувате да ѝ го нарушите имиџот има годинава данок платено колку сите негови компании заедно. Информациите за каква било поврзаност на политичари со мојот бизнис се неточни, најмалку од власта и опозицијата. Јас немам никакви политички активности и аспирации во блиска иднина, а моето јавно работење се одбележува со Националната агенција за европски програми и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Политички не сум активен и нема да бидам во блиска иднина“, се вели во реакцијата на Ратко Капушевски, сопственик и управител на РКМ.