РКЕ ќе одлучува за тарифата за водата и за дистрибуцијата на гас

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска ќе одржи две подготвителни седници.

РКЕ треба да одлучува за решението за утврдување тарифа за снабдување со сурова вода наменета за водоснабдување на население, на АД Водостопанство на РМ Скопје, подружница Кумановско – Липковско Поле Куманово, како и за измени на Правилникот за начин и услови за регулирање тарифи за пренос, управување со системот за пренос и дистрибуција на природен гас.